
Технологијата го промени начинот, на којшто луѓето работат, комуницираат, купуваат, па дури и плаќаат за стоките. Фирмите и потрошувачите веќе не секогаш ја преферираат готовината, а таквото однесување им го отстапува местото на бесконтактните плаќања. Сега се појавува нов систем на плаќања, којшто истовремено е инвестиционо средство: криптовалута.
Инвестирање во криптовалути – сѐ повеќе заинтересирани
Криптовалутата е вид на дигитална валута, којашто се појавила по финансиската криза во 2008 година. Нејзиното поседување овозможува да се заобиколат традиционалните начини на плаќање.
Криптовалутите се базираат на блокчејн технологијата, којашто е заедничка база на податоци на трансакцијата, чиишто записи мора да бидат потврдени и шифрирани. Мрежата е заштитена од страна на лица наречени „рудари“, коишто користат компјутери со голема моќност за верификација на трансакциите, а како награда добиваат единици на виртуелната валута.
Постојат три главни фактори, коишто влијаат врз растечката цена на криптовалутите. Како прво, медиумите полудуваат при известување за пораст на вредноста, привлекувајќи нови купувачи, коишто сакаат да заработат. Како второ, потрадиционалните финансиски фирми инвестираат на пазарот. И конечно, корелацијата меѓу криптовалутите и златото, којашто пасува на трендовите во светската економија, давајќи надеж за брз пораст на вредноста.
Развојот на вакцини против КОВИД-19 може да овозможи брзо економско оживување по пандемијата во време, кога владите и централните банки и понатаму пумпаат пари во економијата – што може да предизвика нагло зголемување на инфлацијата. Некои инвеститори ги перципираат криптовалутите како магацин на вредности, сличен на златото, коешто може да ја задржи својата вредност во времиња на економски стрес или растечка инфлација.
Не една… а неколку?
Сепак, дали во такви нестабилни времиња вреди сѐ да се става на една карта? Категорично – не! За среќа, постојат методи за намалување на ризикот при инвестирањето во криптовалути.
Диверзификацијата е стратегија за управување со ризик, којашто комбинира разновидни инвестиции во рамките на портфолио. Диверзифицираното портфолио содржи мешавина на различни типови на инвестициони средства и инструменти, со цел ограничување на експозицијата на единична состојка на инвестиционите средства или ризик. Оваа техника се базира на претпоставката дека портфолиото составено од различни видови инвестициони средства во просек ќе донесе повисоки долгорочни добивки и ќе го намали ризикот од поседување на индивидуално инвестиционо средство, на пр. една криптовалута.
Диверзификацијата има за цел ублажување на несистемските ризични настани во портфолиото, па затоа позитивните резултати на некои од инвестициите ги неутрализираат негативните резултати на другите. Придобивките од диверзификацијата се јавуваат само тогаш, кога инвестиционите средства не се во совршена корелација – односно не реагираат на различен начин, често спротивен начин, на влијанијата од пазарот.
Истражувањата и математичките модели покажале дека одржувањето на добро диверзифицирано портфолио дава најисплатливо ниво на редукција на ризикот.

„Stellar“ и „Bitcoin Cash“ со шанса за успех?
Диверзификацијата на инвестиционото портфолио најдобро е да се започне од избор на вистинските е-монети. За среќа, на пазарот достапни се голем број на интересни производи, а особено – „Stellar“ и „Bitcoin Cash“.
„Stellar“ е платежна технологија, којашто има за цел поврзување на финансиските институции и драстично намалување на трошоците и времето потребно за прекугранични трансфери.
Функционирањето на „Stellar“ е слично на повеќето децентрализирани технологии за плаќање. Опслужува мрежа на децентрализирани сервери со дистрибуирана технологија на книгите (ДЛТ), којшто се ажурира на секои 2 до 5 секунди на сите јазли. Секој јазол во мрежата „Stellar“ избира различен сет на јазли „од доверба“. Кога трансакцијата ќе биде потврдена од страна на сите јазли во сетот, истата се смета за одобрена. Скратениот процес предизвикал дека мрежата „Stellar“ е исклучително брза и се зборува дека обработува дури 1000 мрежни операции во секунда. Па затоа, токените „Stellar“ се сметаат за исклучително перспективно решение.
А пак, главни предности на „Bitcoin Cash“ е неговата ниска цена и брзината, со којашто се извршуваат трансакциите. Поголемата брзина на блокчејнот на Биткоинот е возможна, затоа што технологијата на „Bitcoin Cash“ е поскалабилна. Тоа означува дека повеќе луѓе може да извршуваат блокчејн трансакции во даден момент. Тимот на програмери на „Bcash“ брзо имплементира решенија, коишто ја зголемуваат скалабилноста на блокчејнот, што дава голем потенцијал за искористување во иднина.
Два во едно – „Netricoin“
Двете горенаведени валути може да се купат во рамките на револуционерниот производ „Netricoin“. Netricoin е сет на обуки, вебинари, е-книги и наставни помагала, коишто се целосно посветени на прашањата поврзани со инвестирањето во криптовалути – особено на диверзификацијата на инвестициското портфолио. Наставните материјали се наменети за почетници, коишто сакаат да го прошират своето знаење за криптовалутите и начелата на инвестирањето.
Елемент, којшто го истакнува сет Netricoin од другите курсеви е приложените кон него единици на криптовалутите – „Stellar“ и „Bitcoin Cash“, во пропорции 50:50. Приложувањето на дури две криптовалути во рамките на гратис, има за задача да ги поттикне учесниците на курсевите и вебинарите да ги диверзифицираат нивните сопствени средства и да ги поттикнат да инвестираат во криптовалути. Истовремено, криптовалутите се акумулирани на специјална сметка на посредник, што ја нивелира можноста за правење грешки од страна на почетниците или крадење на податоците содржани на неа.
За почетници?
Освен едукативните аспекти, „Netricoin“ има репутација на производ, којшто одлично се справува со заштита на криптовалутите. Пред сѐ, целата операција се одвива офлајн. Во специјално заштитен плик, којшто се испраќа по купување на сетот „Netricoin“, се наоѓа картичка со „Netricoin“ пристапен код. Кодот на картичката е истовремено корисничко име и лозинка за сметката, на којашто се чуваат криптовалутите.
Клиентот, којшто има „Netricoin“ картичка, има пристап до преглед на вредноста на акумулираните криптовалути, меѓутоа за да се исплати, неопходна е верификација преку имејл. Дури по наведување на податоците од картичката на посредникот и верификација на идентитетот, можно е да се управува со средствата акумулирани во е-паричникот.
Детална инструкција (чекор по чекор), како да се изврши увид на вредноста, да се исплатат или да се управува со криптовалутите, се доставува преку имејл. Во случај на какви било нејаснотии, купувачот може да го контактира секторот за грижа за корисниците за да добие помош или понатамошни инструкции.

Безбедно чување и лесно подигнување
За да се добие сет Netricoin, треба да се стапи во контакт со продавачот и да се договори телефонски разговор, во рамките на којшто ќе биде презентирана понуда, како и начинот на функционирање на производот. По направеното купување, клиентот добива пристап до едукативни материјали што се испраќаат по пошта, можност за запишување на вебинари, а исто така, и увид во вредноста на акумулираните криптовалути. Истовремено, по пошта се испраќа „Netricoin“ картичка со код –може да се подигне откако ќе биде покажан документ што го потврдува идентитетот.
Подигнувањето на акумулираните криптовалути е исто толку лесно – треба да се стапи во контакт со продавачот, да му се каже кодот и бројот на паричникот, на којшто ќе бидат трансферирани средствата и да се почека да заврши акцијата. Како „Stellar“, така и „Bitcoin Cash“ можат да бидат впаричени во секој момент од страна на клиентот.
Сетот „Netricoin“ е производ главно за почетници, особено за лица, коишто сѐ уште не инвестирале онлајн или не сакаат да го прават тоа поради можноста од хакерски напад или поради неповолните законски одредби за инвеститорите поврзани со берзанскиот обрт со криптовалути. Тоа овозможува релативно брза диверзификација на портфолиото со помош на криптовалути, како и го поддржува стекнувањето на знаења во насока на професионално инвестирање во виртуелни валути.